Владата додели инкубатори на клиниките за гинекологија

by fokus
Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата 34 седница со повеќе точки на дневниот ред.
На денешната седница влaдата ја усвои одлуката за давање на трајно користење на 8 инкубатори за интензивна нега на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, како и одлука за давање на трајно користење на уште 6 инкубатори на  Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести од Скопје.
На предлог на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија , владата денеска донесе одлука за давање на трајно користење на уште 16 инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, како и 10 инкубатори на клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица, како и на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, во Скопје.
Владата денеска ја прифати информацијата за заедничките седници со владите на Република Бугарија и на Република Албанија. Заедничката седница со Владата на Република Бугарија ќе се одржи на 23 ноември, а со Владата на Република Албанија на 2 декември.

Поврзани новости