646
Владата денеска ќе направи ново задолжување од 12,1 милион евра. Задолжувањето ќе се реализира преку две аукции на кои на домашните кредитори ќе им се понудат државни записи и државни обврзници.
Дел од позајмената сума ќе се враќа за шест месеци и една година, додека парите обезбедени преку обврзница ќе се враќаат за две години.
Јавниот долг на Македонија достигна рекордно ниво, односно 4,7 милијарди евра или 50,6 отсто од БДП.