683
Владата на Македонија ја демантираше информацијата што денеска ја објави ТВ21 за легализација на марихуаната.
-Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата.