Владата да прогласи кризна состојба во Куманово, бара општинскиот кризен штаб

by Fokus

Општинскиот штаб на Куманово формиран по појавата на коронавирусот, бара Владата да прогласи кризна состојба на територијата на целата општината, како и да воведе посебен режим на влез и излез од градот.

„Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Кумановои да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот“, – се наведува во соопштението.

Куманово е втор град според бројот на заболени од ковид-19. Со вкупно 54 заразени со коронавирусот до денеска, градот го надмина бројот на заболени и во Дебар.

Поврзани новости