Владата побарала од Венецијанската комисија да го одложи кончениот став за Законот за јазици, дознава ТВ24. Извори од владата брифираат дека освен одложување на заклучоците, побарани се и дополнителни консултации за законот, кој според неофицијалните забелешки на Комисијата кои ги објави ПлусИнфо, е неспроведлив и потребно е да се ревидира.
Дека заклучоците ќе доцнат денеска најави и вицепремиерот Бујар Османи, кој не сакаше прецизно да одговори дали ДУИ ќе ги прифати забелешките и ќе дозволи нова интервенција во законот. За него, законската рамка е добра каква што е и го заокружува Рамковниот договор, а секое враќање назад вели, ќе донесе и нови преговори.
„Мислам дека имаме подеднакви ставови во владата дека овај закон е добар и треба да продолжи да се импелемнтира. Да оставиме Венецијанската комисија да излезе со конечниот извештај па ќе видиме што може да одговара на нашиот политички контекст, што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор од нашите погледи како треба да го развиеме нашето мултиетничко општество и мултиеничка држава.“ – изјави Османи.