Петровска: Притворот бил кобен за здравјето на многу притвореници

by fokus 18:35
18:35

Натали Петровска, извршна директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ предупредува дека притворот е најтешката мерка, која досега се покажала како кобна по здравјето на многу притвореници. Нејзината реакција стигнува откако денеска здравствената состојба на Бојан Јовановски се влоши, при што интервенираше Брза Помош.

На прашање на „Фокус“ дали мерката притвор и понатаму се злоупотребува, Петровска вели:

- Advertisements -

-Притворот е најтешката мерка предвидена во Законот за кривичната постапка (ЗКП) која се изрекува со цел да се обезбеди непречен тек на кривичната постапка, како и да се отстранат опасностите од бегство на осомничените или обвинети лица, а како таква мерка треба да се изрекува единствено како последна опција, кога сите други мерки предвидени за истата намена не би можеле да го дадат посакуваниот ефект. Во поглед на ова, а согласно ЗКП барањата и решенијата за определување на притворот мора да бидат соодветно образложени и поткрепени со докази кои укажуваат на разумното сомневање за постоење на опасност од бегство, попречување на кривичната истрага или повторување наделото. Овие образложенија претставуваат клучна основа врз која Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ги базира своите одлуки при оцена на арбитрарноста, оправданоста и усогласеноста на изречената мерка притвор со членот 5 (право на слобода и безбедност) од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП).

За жал, мораме да констатираме дека сѐ уште се среќаваат случаи во пракса кога се определува притвор за лица кои се наоѓаат во лоша здравствена состојба, соодветно поткрепена со медицинска документација, иако веќе неколку пати до сега ваквото постапување се покажало како кобно за здравјето на притворените лица. Ваквото постапување во голема мера претставува загрозување на правичниот третман во постапката, но и прекршување на некои од основните човекови права.

Во секој случај, отсуство на соодветна реакција од страна на институциите, како и не преиспитување на определената мерка во овакви слуачи, може во голема мера да го осуети предметот кога истиот би се нашол пред ЕСЧП во Стразбур, изјави Петровска за „Фокус“.

В.В.

Поврзани новости