442
Владата на на денешната седница го утврди текстот на договорот меѓу Македонија и Турција за донација на медицинска опрема и средства наменета за здравствениот сектор која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови.
Исто така, Владата ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација справување со КОВИД-19”, и го овласти Министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу Друштво за информатичка технологија Некстсенс ДОО како Давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата.
На денешната седница е донесена и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, согласно која заради спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на коронавирусот КОВИД-19 и поефикасно утврдување дали одредено лице било, или се сомнева дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со коронавирус КОВИД-19, како и за навремено информирање на одредено лице дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со коронавирус КОВИД-19 и негов навремен медицински третман, Министерството за здравство како мерка може да примени и најнови технолошки достигнувања (интернет платформи, паметни апликации, електронски услуги и слично).