Влада за информациите на српски „Курир“: Остануваме посветени на изнаоѓање решение

by fokus

Од Владата велат дека се шпекулации информациите на српски „Курир“ дека преговорите пропаднале затоа што Грција побарала премногу од Македонија. Од таму на прашање на „Фокус“, одговорија дека Владата останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија.

„Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат кон оваа стратешка цел од национален интерес. Најважно е да се постигне квалитетно и взаемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо. Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварување на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име“, велат од таму.

Поврзани новости