Влада: Под лупа тендер на ЕЛЕМ и финансирање на невладини организации

by Fokus

Владата на денешната седница констатираше дека во предизборниот период Генералниот секретаријат на Владата донел одлука за финансирање здруженија и фондации со средства од Буџетот во висина од околу 50 милиони денари или 850 илјади евра.

Поради постоењето сериозни индиции за злоупотреби на пари на граѓаните, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да ги преземе сите потребни чекори за запирање на постапката за распределба средства од Буџетот на овие здруженија и фондации. Одлучено е да се извести Државниот завод за ревизија да ја преиспита претходната одлука за доделувањето на овие средства, а доколку постои основ за злоупотреби, да се отвори истрага за обид за ненаменско трошење буџетски пари.

Со оглед дека постојат сомневања и за злоупотреби при распишаниот тендер од страна на ЕЛЕМ од 34 милиони евра, за набавка на опрема за ископ на јаловина, Владата одлучи да му наложи на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка и за тоа да биде известена.

Поврзани новости