622
Поранешниот премиер Никола Груевски се јави со нов статус на социјалната мрежа фејсбук. Тој се правда дека во негово време судиите се унапредувале според криетруиуми, а сега само со ветување на премиерот Зоран Заев и тоа доколку пресудувале по негови нарачки. Од Владата за „Фокус“ велат дека не ги коментирааат фејсбук манипулациите на осудениот Груевски.
Груевски во долгиот статус зборува и за неколку средби кои наводно премиерот Заев ги имал со екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментот е во притвор за случајот „Рекет“.