Река: Победата на Курти во Косово е почеток на антикорупциска лавина во регионот

by Фокус

Универзитскиот професор Блерим Река, кој беше претседателски кандидат на албанската опозиција, оценува дека изборните резултати во соседно Косово, на кои најмногу гласови освои Албин Курти, ќе предизвикаат регионален феномент да не се гласа за корумпирани политичари.

„Кога пишував со години, дека „незапирливата антикорупциска лавина на Балканот“ ќе започне од Косово, повеќето се смееја. Исто како што велев дека Албин Курти ќе ги води последните преговори со Белград. Во меѓувреме, САД прогласија глобалната борба против корупцијата, како приоритет на надворешната политика, и во пресрет на изборите наредија „Не гласајте за корумпираните“ и побараа „Нови идеи за дијалог: Косово-Србија“. Колку и да е едноставно, корупцијата стана геостратешка закана и преговорите за затворање на оваа закана на Балканот не можат да бидат водени од корумпирани политичари. Но, 6 октомври ќе ги прекине и регионалните сојузи за криминал. Посткорупциската лавина штотуку започна да се протега од Приштина. Не е познато каде ќе запре“, вели Река.

Според него, сличен развој на настаните следува и во Македонија и другите земји во регионот.

Поврзани новости