697
Владата попладнево излезе со демант дека имало жестока расправија околу полицискиот час за првомајските празници.
„Ја информираме јавноста дека Владата денеска не одржува седница ниту таква седница е закажана за денеска ниту, пак, имало каква било ’жестока расправа’ ниту постои каков било план за дополнително заострување на мерките“,- велат од владата.
Оттаму најавуваат дека мерките за 1 Мај ќе бидат донесени на првата наредна владина седница.
Ваквата реакција Владата ја објави откако на дел од порталите осамнаа текстови со наслови дека имало жестока расправија, а министерот за внатрешни работи Наќе Чулев остро се спротивставил да има карантин за 1 Мај.