Влада: Кодекс за етичко однесување на јавните функционери

by fokus 18:04
18:04

На предлог на заменичката на претседателот на Владата, задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска, на денешната владина седница е усвоена Информацијата за утврдување на етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, со Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

-Измените на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функци, во најголем дел, се резултат на забелешките и препораките на ГРЕКО, а се однесуваат на унапредување на определбата на Владата за етичко однесување на членовите на Владата и другите јавни функционери, кои се должни да работат во интерес на граѓаните, велат од Владата.

Поврзани новости