Апасиев: Пробиен е „пеколниот план“ на власта, планираат масовно апсење!

by fokus

Лидерот на Левица, Димиар Апасиев, пред вечерашниот протест пред Владата, истакна дека го пробиле „пеколниот план“ на власта, односно дека планирале да уфрлат провокатори.

-Од наши свиркачи во МВР добивме дојави дека налудничавата власт прави списоци со провокатори кои ќе бидат уфрлени на протестите, со цел да поттикнат насилство. После ова, планираат масовно апсење на демонстрантите!

Затоа, јавно ве повикуваме – да избегнувате секаков контакт со полицијата и да дестимулирате носење фантомки! Левица не е против полицајците, Левица е против корумпираната врхушка на власт која ја шитка Мекедонија!

Прочитани сте! Не ви се плашиме! Идеме до крај!, напиша Апасиев на фејсбук.

Поврзани новости