Владата на денешната седница донесе одлука да му предложи на Собранието укинување на ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалоци.
Во соопштението од владата се наведува дека основните решенија на Предлог законот кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои истата ќе се врши, односно ќе се дозволи продажбата на истите и во киосците.
Исто така, со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата.