Влада: Го декласифициравме договорот, оваа Влада е горда на решението

by fokus

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски вечерва соопшти дека Владата на вечерашната седница го декласифицирала договорот за името  со Грција и тој е веќе објавен на владината веб страница.

-Владата вечерва едногласно го рагледа и усвои извештајот за договорот за решавање на спорот со името и за стратегиско партнерство. Владата донесе одлука да го декласифицира Договорот кој веќе е прикачен на веб страницата на Владата и е достапен на целата јавност. Договор е насловен: Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 во Советот за безведност на ОН за престанување на важност на привремената спогодба од 1995 година и за воспоствавување стратешко партнерство меѓу страните. Со седницата претседаваше премиерот, а министерот Димитров ги информираше членовите на Владата за текот и за Договорот и исто така и за следните чекори кои следат. Премиерот нагласи дека тој лично силно верува во договорот бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање за иднината на земјата и дека оваа Влада е горда на ова решение како историска одлука, рече Бошњаковски.

Тој додаде дека локацијата и датумот за потпишување на договорот ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

Поврзани новости