Влада: Да си честитаме, по 30 години чекање станавме 30-та членка во НАТО

by fokus

Членството во НАТО е крај на едно патешествие, по 30 години чекање, станавме 30 -та членка на НАТО, порача министерката за одбрана, Радмила Шекеринска која заедно со техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров кои на граѓаните му го честитаа полноправното членство во НАТО откако шпанскиот парламент го ратификуваше протоколот за влез на Македонија во НАТО и таа беше последната членка која го ратификуваше протоколот.

– Сега сме дел од најмоќниот безбедносен и одбранбен сојуз, дел од моќното семејство, фактор на стабилност во регионот. Граѓаните и децата имаат сигурна иднина, верувам дека НАТО ќе помогне во остварувањето на втората стратешка цел, а тоа е Европската унија, рече техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Минситерката за одбрана порака не ова е крај на едно патешествие и дека ова е најдолг приоритет на македонските граѓани.

– Додека другите одлговлекуваа, ние решававме, додека другите зборуваа, ние работевме. Сега кога дојдовме на крајот ниту може да кажеме дека ниту една политичка идеја не преживела толку долго колкуленството во НАТО, демократија, мир, добрососедски односи, напредок и развој и не се откажавме од овие вредности. Да си го честитаме члеството во најмоќната организација, порача Шекеринска.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров порача дека утре во Шпанија официјално ќе ја поднесе ратификацијата до Стејт депарментот и деновиве треба официјално да стане членка на НАТО.

Поврзани новости