Влада: Ако се задржеше летното сметање на времето ќе имавме зголемена потрошувачка на топлинска енергија

by fokus

Владата, на денешната седница заклучи да се продолжи со примена на зимското сметање на времето, како што се применуваше и досега. Овој заклучок е донесен согласно сите анализи на Информацијата од Министерството за економија, во врска со можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето.

– Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија, информираат од Владата.

Како што пренесува владината прес служба, според информациите од Министерството за економија проценката е направена во соработка со Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за електронски комуникации, Биро за метрологија, Стопанска комора на Северна Македонија, Управа за хидрометеоролошки работи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет – Скопје.

Поврзани новости