Бајден со честитка до новиот премиер Сунак: Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме соработката!

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден му честиташе на Риши Сунак за изборот за премиер на Велика Британија.

„Заедно, со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата соработка на прашањата клучни за глобалната безбедност и просперитет, вклучително и продолжување на нашата цврста поддршка за Украина“, напиша претседателот на САД на Твитер.

Риши Сунак денеска официјално стана петти премиер на Велика Британија во изминатите шест години.

Поврзани новости