Еве како да го направите ова неодоливо вкусно предјадење:
Состојки:
24 парчиња тост леб
200 гр мајонез
200 мл кисела павлака Пекабела
150 гр шунка Пекабеско
150 гр кашкавал ајдамер Амерланд
2 варени јајца
4 кисели краставички
Дополнително купете павлака и кашкавал за декорација врз тортата.
Во сад ги мешаме Пекабела павлаката и мајонезот да се соединат.
Шунката од Пекабеско, кашкавалот, јајцето и краставичките ги сецкаме на ситни коцки.
Добиената смеса од павлака и мајонез ја делиме на 3 еднакви дела.
Во првиот дел ја додаваме шунката, во вториот јајцата и киселите краставички а во третиот дел кашкавалот.
На парчињата леб им ги отстрануваме корките.
Лебот го редиме на долгнавеста чинија во 3 реда по 8 парчиња.
Првиот ред го премачкуваме со филот од павлака и мајонез со кашкавал, вториот го премачкуваме со филот од павлака и мајонез со јајца и кисели краставички и третиот ред го премачкуваме со филот од павлака и мајонез со шунка.
На крајот целата торта премачкајте ја со павлака и врз неа изрендајте кашкавал.
На здравје!