Утрово е мирно на македонско-грчката граница

by Фокус

Ситуацијата на македонско-грчката граница утрово е стабилна и мирна, по вчерашниот насилен обид за влегување на македонска територија од страна на бегалците кои се наоѓаат во кампот во Идомени.

Раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаровски за МИА изјави дека во Гевгелија постои зголемено присуство на безбедносните сили, кои, според него, се подготвени да интервенираат во секој момент во заштита на границата.

Директорот на болницата Сретко Јованов, пак, изјави дека само еден, од 15 – те повредени припадници на безбедносните сили поради сериозноста на повредите во пределот на гениталиите е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите 14 се вратени во своите единици.

Поврзани новости