За новата еврообврзница од 600 милиони евра ќе се чека потпис од новиот министер за правда

by Fokus

За издавање на планираната еврообврзница која ќе значи 600 милиони евра задолжување за државата, ќе се чека потпис од новиот министер за правда, Кренар Лога, кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците.

Досегашниот, Никола Тупанчески, не го потпишал мислењето пред да си ја поднесе оставката, која му беше констатирана во понеделникот.

„Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда. Веднаш по изборот на новиот министер за правда ќе се одржи нова аукција.

За ова банките-агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики“, велат од министерството за финансии.

 

Поврзани новости