835
Вицеперемиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во следните неколку дена ќе биде во самоизолација бидејќи имал контакт со лице заразено со Ковид-19.
– Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично. Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби. Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет, напиша Битиќи на Фејсбук профилот.