Вицепремиерот Анѓушев најави реформи во енергетскиот сектор и нови инвестиции

by fokus

Заменик претседателот за економски прашања, Кочо Анѓушев, во пресрет на самитот за Западен Балкан во Tрст оствари средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео.

На средбата Анѓушев истакна дека Владата e посветена на остварување на итните реформски приоритети, како и на обврските што произлегуваат од таканаречениот Берлински процес.

„Владата ќе работи на реформи во енергетскиот сектор, ќе работиме на создавање на поволна бизнис клима, за домашни и странски инвеститори, а конкурентноста на компаниите ќе ја подигнеме со инвестиции во инфраструктурата, како патната, така и железничката“, потенцираше вицепремиерот.

Амбасадорот Ромео, како претставник на земјата домаќин ги презентираше приоритетите на италијанското претседавање со самитот, како и деталната агенда.

Тој го поздрави формирањето на владата и изрази надеж дека процесите за евроинтеграција на Македонија и на целиот регион ќе се одвиваат со побрза динамика, а Италија како актуелен претседавач ќе помогне за интензивирање на активностите.

 

Поврзани новости