Вице Заев до новинарите: Не сметам дека сум јавна личност, но прифаќам ако вие сметате

by fokus

Вице Заев, братот на премиерот, Зоран Заев, денеска присуствуваше на рочиште во Граѓанскиот суд за тужбата за клевета која ја поднесе против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

По рочиштето Вице Заев изјави дека тужбата ја поднел за да им порача на политичарите да внимаваат што зборуваат.

-Тужба е поднесена за да се пушти порака дека ова веќе мора да сопре – рече тој.

Тој беше прашан и во врска со обвинувањата дека меѓу него и Сашо Мијалков имало договор за пратениците пред гласањето за уставни измени.

-Тужбата требаше да биде за тоа, но го пропуштивме рокот и затоа не сме тужеле. Инаку и со тоа ми се нанесува ненадоместлива штета – рече тој.

На прашањето дали смета дека е јавна личност тој рече дека нема дефиниција за тоа.

-Не знам, сметам дека не сум јавна личност, но прифаќам да сум ако вие сметате. Сепак тоа не му дава на никого право тоа да креира лажни вести – рече Вице Заев.

На прашање од новинарот Љупчо Златев дали го познава лично екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, тој рече дека го познава него лично исто колку што го познава и новинарот.

Инаку, тој го тужи Николоски за изјава дадена на телевизија 1ТВ, каде рекол дека братот на премиерот станал бизнис фактор во државата благодарение на наместени тендери.

Вице Заев бара од Николоски 500 евра нематеријална штета за повреда на честа и угледот, како и да му ги плати судските трошоци.

Поврзани новости