Вице Заев бара од Николоски 500 евра бидејќи го нарекол бизнис фактор поради наместени тендери

by fokus

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев денеска не се појави на рочиштето во граѓанскиот суд во предмет каде се јавува како тужител за клевета која, како што стои во тужбеното барање, ја изнел потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој го тужи Николоски за изјава дадена на телевизија 1ТВ, каде рекол дека братот на премиерот станал бизнис фактор во државата благодарение на наместени тендери.

Вице Заев бара од Николоски 500 евра нематеријална штета за повреда на честа и угледот, како и да му ги плати судските трошоци.

Николоски истакна дека тужбеното барање е неосновано и побара да се одбие.

Подготвителното рочиште со тоа беше завршено, а следното е закажано за 26 февруари.

Поврзани новости