Хојт Ји: Иванов да им овозможи на пратениците да формираат влада

by fokus

Заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Хојт Брајан Ји, го повика Ѓорге Иванов да престане да го блокира формирањето на новата влада.

-Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија ѝ треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија- изјави Ји.

Тој порача дека САД се заинтересирани за просперитет и стабилноста на регионот, а на балканските земји им порача да продолжат со реформите за да се достигнат европските стандарди.

Поврзани новости