Вишото обвинителство не се согласува Боки 13 да оди во домашен притвор, дале негативно мислење

by fokus

Вишото јавно обвинителство не се согласува Бојан Јовановски, осомничен во случајот „Рекет“, да оди во домашен притвор, односно оттаму дале негативно мислење на неговото барање за укинување на притворот и замена за поблага мерка. Оваа информација за „Фокус“ ја потврдија од Обвинителството, од каде што велат дека мислењето до судот било доставено во петокот.

Имајќи го во предвид негативното мислење од обвинителството, но и барањето на Јовановски, денеска зад затворени врати Апелациониот суд треба да расправа и да донесе одлука.

Од Апелацискиот суд пак за „Фокус“ брифираат дека неизвесно е дали денеска ќе донесат одлука по барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор, бидејќи дел од членовите на советот денеска имале редовно судење.

Јовановски од утринава е вратен во истражниот затвор „Скопје“, откако неколку дена беше на лекување во болницата „8-ми Септември“.

Судењето за „Рекет“ треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.

В.В.

Поврзани новости