Актерот Висар Вишка денеска на протест пред Собрание, заедно со уште триесетина граѓани и порача на делегацијата од ЕУ дека во правосудните органи во Македонија се дели селективна правда.
-Правдата во Македонија одамна е мртва. Ние сме тука да и кажеме на Могерини дека тука нема правда, а ако ова е правда на Европа нека си ги земат овдешните судии и политичари, ние не ги сакаме….Со ваква селективна правда ние не одиме никаде. Случајот „Алмир“ е на новата власт, не го наследи, а селективна правда има и за Смилковско езеро….Ние ќе ја истераме правдата, не само за Алмир, туку и за нашите деца – рече Вишка, пренесе ТВ21.
Протестот на демонстрантите се одржуваше додека во Собранието беше во тек обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Фредерика Могерини.