Вишите обвинители Артан Ајро и Јован Цветановски предложиле Апелација да му го укине куќниот притвор на Незири

by fokus

Вишите обвинители Артан Ајро и Јован Цветановски му предложиле на Апелациониот суд да им го укине куќниот притвор на претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири и обезбедувачот Алмир Рамдедовиќ кои упаднаа во М-НАВ и се сомничат за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, објави порталот Сакам да кажам.

Апелација вчера донесе решение со кое им го укина куќниот притвор и им ги остави мерките за претпазливост кои првично им ги одредија судиите на претходна постапка.

Според второстепениот суд обвинителството не докажало дека постојат основите според кои се определува притвор, како што се опасност од бегство, влијание врз сведоци, повторување на делото…

Судот ја прифатил жалбата на обвинетите и предлогот на Вишото обвинителство да се укине притворот.

Обвинителот Цветановски и за случајот „Талир 2“ бараше предметот да се врати на почеток и да се применат измените на Кривичниот законик, а бил виш обвинител и во случајот „Тревник“, случај за кој беше повлечено обвинението.

Ајро пак беше обвинител во поранешното Специјално јавно обвинителство, беше еден од обвинителите кои го водеа случајот „Трансмет“. За неуспешната конфискација на бизнисменот Сеад Кочан предмет отвори и Државната комисија за спречување на корупцијата и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Поврзани новости