Вирусот зема замав во Тиквешијата: Почина жена од Неготино, инфициран второодделенец од Кавадарци!

by Фокус

Девет нови случаи на корона вирус се регистрирани денес во Тиквешијата, од кои седум во Кавадарци и два во Неготино. Станува збор за лица на возраст од седум до 66 години и сите имале симптоми. Од Центар за јавно здравје Кавадарци информираат дека е почината една жена, позитивна на Ковид-19 од Неготино, на возраст од 55 години.

-Се уште ги немаме деталите, според неофицијална информација, пациентката била хоспитализирана на клиника во Скопје и само по еден ден починала – велат од таму.

Од таму потврдуваат дека помеѓу новорегистрираните лица од Кавадарци, позитивен е второодделенец, ученик од одделението каде пред четири дена беше регистрирана позитивна наставничка, по што следуваше изолација за 16 деца на кои им предавала.

По два дена од настанот, во истото училиште беше регистрирана уште една позитивна наставничка, и 14 првоодделенци беа изолирани.

За случаите во Неготино, станува збор за лица на возраст од 43 и 59 години, од кои повозрасниот пациент е здравствен работник, односно лаборант.

Во Кавадарци активни се 70 случаи, а во Неготино 20.

В.К.

Поврзани новости