Вирулентноста на новиот вирус Ковид-19 значајно слабее, анализата на симптомите во овие седум дена покажува дека има голем број на случаи кои се асимптоматски и со многу лесни симптоми, близу 90 проценти, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Но, вели дека факт е и дека има пациенти со тешка клиничка слика и неколку пати во своето обраќање повтори дека вирусот постои и дека граѓаните треба да бидат многу внимателни.
-Иако бројката на заразени е висока, вурусот се шири во рамките на кластерите, има и спорадично ширење и тоа е доказ дека вирусот постои, рече Филипче.
Во текот на овие два дена Комисијата за заразни болести прави детални анализи во однос на новиот бран на ширење, во недела ќе имаат состанок и ќе ги договорат следните чекори, рече министерот.