770
Жители на Кисела Вода забележале отров во расечени виршли расфрлани на улица Марко Орешковиќ, објави Сител. Преку фотографии испратени до медиумите граѓаните алармираат на опасноста која демне од јавните површини во оваа општина.
Проблемот со труење на животните е се уште актуелен. Невладината организација за заштита на животни „Анима Мунди“ со месеци предупредува дека трујачите се се уште активни и дека е забележан отров на повеќе локации низ Скопје, кој претставува опасност како за животните, така и за граѓаните.