Српскиот рап музичар Стефан Ѓуриќ Раста ќе настапи во Скопје, на Стадион на АРМ на седми јуни, заедно со Сања Вучиќ, а како специјални гости се најавени ДНК.
За концертот веќе се пуштени во продажба влезниците, чии цени се движат од 700 денари за партер, па се до 12.000 евра за ВИП пакети кои вклучуваат шише жесток пијалок и четири влезници.
Настанот е во организација на Евент Груп, кои на својата страница истакнаа дека ја отвораат сезоната на настани под отворено небо како што доликува, со најдобрите на Балканот на едно место.
Инаку, Раста лани во Скопје го промовираше филмот ,,3211” кој е негов автобиографски, и во кој тој се глуми себе, создаден за времето кое го поминал во затвор, во собата број 3211. Како потсетување, тој беше уапсен за поседување на илегални супстанци во 2020 година, по што помина четири месеци во затвор, а потоа доби едногодишна затворска казна, која ја отслужуваше во својот дом.
И покрај контроверзниот начин на живот, младите генерации го доживуваат како ѕвезда и за неговите концерти се бара влезница повеќе.
Во Скопје исто така имаше и голем концерт во 2018 година, заедно со неговата поранешна сопруга Ана Николиќ, во Арена Борис Трајковски.
Вики Клинчарова