1.1K
Со концерт на поп музичарот Владо Јаневски ќе се отвори настанот ,,Mavrovo Sound & Culture” во организација на Ресорт Маврово, во сабота, на 4-ти февруари.
Како што е појаснето на страницата на Ресорт Маврово, во ек на зимската сезона подготвиле програма прилагодена за сите вкусови, и покрај Јаневски, најавени се настапи на Јелена Розга на 11-ти февруари, Каролина Гочева на 25-ти февруари и Петар Грашо на 4-ти март.
Влезниците за Јаневски по цена од 700 денари биле пуштени во продажба, а ВИП маса за 6 до 10 лица со консумација до уплатениот износ е 14.000 денари. Високите маси за 4 до 6 лица со консумација до уплатениот износ се 7.000 денари, а настанот е најавен како неповторлива зимска забава во снежното Маврово.
Вики Клинчарова