572
Црната листа со Македонци што ја води Грција во последните две години се повеќе се зголемува, откако фанатичниот антимакедонец Андонис Самарас е премиер, обвинуваат партијата на Македонци во Грција Виножито, предводена од Павле Васкопулос.
Како што информираат од Виножито, последната жртва на оваа грчка политика е активистот за човекови права и писател Ѓорѓи Канзуров, кому, според оваа партија, не му било дозволено да го посети родното место во Лерин, Северна Грција, со образложение дека тој претставува „закана за внатрешниот ред и сигурност“.
Од таму посочуваат дека ќе продолжат да ја информираат Европската унија и другите меѓународни организации за ваквата негативна практика.