543
Обвинителката Вилма Русковска денеска беше избрана за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.
Таа ја водеше истрагата за насилствата од 27 април од Собранието, но и „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“.
На денешната седница на Советот на јавни обвинители беа избрани и шефови на скопското Вишо обвинителство, Мустафа Хајрулахи, во гостиварскто Вишо обвинителство Ислам Абази, за велешкото Основно обвинителство Гордана Тодорова, Елизабета Мишева во Кавадарци и Лиле Талевска за прв човек на битолското Основно обвинителство.