Акциска контрола во гостиварско: Откриени 14 албански државјанки во угостителски објекти

by fokus

Рано утрово, од 04 до 07 часот, во гостиварскиот регион била спроведена полициска акција, во која биле откриени 14 албански државјанки кои нерегуларно престојувале во овој регион.

„На 14.11.2018 година во периодот од 04.00 до 07.00 часот во угостителски објекти на улиците „Беличица“ , „Мара Угринова“, „29 Ноември “,  и „Борче Јовановски“ во Гостивар била спроведена акциска контрола за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето или го злоупотребуваат туристичкиот престој . Притоа, во објектите биле пронајдени 14 албански држвјанки на возраст од 17 до 57 години. Во периодот од 04.00 до 08.00 часот била спроведена и акциска контрола во угостителски објекти во гостиварските села Чајле, Форино, Чегране, Неготино-Полошко, Дебреше и Добридол. Во акцијата биле откриени вкупно 28 албански државјани со нерегулиран престој во нашата земја, поради што биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци  и радмисија за натамошна постапка“, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани новости