Викторија Лоба покажа каде ја поминала првата брачна ноќ

by fokus

Поп пејачката Викторија Лоба (33) која по венчавката во Охрид, направи и свадбена забава во хотел во Скопје, се пофали со видео од апартманот во кој ја поминала првата брачна ноќ.

Кафе и кроасани, шампањско кое се лади, многу букети со цвеќе, бели сатенски пижами и спална во бела боја е она кое го покажува Лоба во видеото, а потоа се свртува кон прозорецот, од каде се гледа споменикот Воинот на коњ.

Таа се заблагодари на хотелот Мериот, во чиј претседателски апартман ја поминала ноќта, со зборовите дека во секој момент уживале доста комотно.

Хотелот има 164 соби и апартмани, вклучувајќи го луксузниот претседателски апартман каде престојувале Викторија и Ѓорѓи. Исто така, има базен, џакузи, спа центар, теретана…

Таа ја круниса со брак љубовта со бизнисменот Ѓорѓи Калешов, но ретко открива детали за нивната љубов.

-Ние сме различни, а сложни, изјави таа за него пред неколку години.

Инаку, пејачката е по потекло од Русија, а со мајка и се преселила во Македонија кога имала осум години. По 21 година живот во Скопје, во 2018 година таа доби македонско државјанство. На музичката сцена е активна од 2003 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости