Викиликс цел на хакерски напад, по најавата дека ќе објави документи за Ердоган

by fokus

Викиликс соопшти дека е цел на хакерски напад откако најави дека ќе објави илјадници документи за структурата на политичката моќ во Турција, по неуспешниот обид за пуч во земјата во петокот.

– Нашата инфраструктура е цел на непрекинат напад. Не сме сигурни кој е изворот, но тајмингот укажува на група од турските државни структури или нивни сојузи – објави Викиликс на Твитер.

Од Викиликс велат дека денес ќе го обелоденат првиот дел од околу 300.000 е-пошти и 500.000 документи.

Викиликс претходно ја предупреди јавноста дека турската влада сериозно ќе се обиде да спречи да се објават информациите или да спречи барем тие да стасаат до турската јавност.

Викиликс соопшти дека планира објава на документи за структурите на политичката моќ во Турција после пропаднатиот обид за пуч во таа земја минатиот викенд.

Ноќта на 16 јули имаше обиде за воен пуч во Турција, со главните судири кои се одвиваа во Анкара и Истанбул.

Турското државно водество во меѓувреме објави дека пучот е загушен, а според последните информации 290 луѓе во текот на него се убиени, а 1440 лица се повредени.

 

Поврзани новости