СЈО ќе се изјасни како понатаму ќе постапува за „Шпион“

by fokus

Специјалното обвинителство на почетокот на септември ќе се изјасни за случајот „Шпион“ и ќе соопшти дали ги прифаќа или одбива жалбите на обвинетите и нивната одбрана.

Од СЈО појаснуваат дека по детално разгледување на предметот, кој е многу обемен, подготвени се да се произнесат како ќе постапуваат, но во оваа фаза од постапката не можат јавно да соопштат дали ќе ги поддржат или ќе ги отфрлат  жалбените наводи на одбраната.

Обвинетите се надеваат дека Катица Јанева ќе донесе праведна одлука, бидејќи според нив најголем дел се осудени без докази и има многу суштествени повреди.

Поврзани новости