Викендов во Врање вакцинирани над 900 македонски државјани

by Fokus

Според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Македонија.

Од денес граѓаните на Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.

Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.

Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ,  можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа.

Достапни се вакцините на Синофарм, Астразенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.

Поврзани новости