664
Полицискиот час од 20 часот навечер до 05 наредното утро трае уште пет дена, па се поставува прашањето дали и пред верските празници ќе има карантин и нови рестрикции на населението.
Како што истакна министерот Филипче, проценките за такво нешто ќе се прават овој викенд и на почетокот на наредната седмица и во зависност од тоа ќе се одлучува за евентуални нови мерки или продолжување на досегашните.