Викендов голема акција во поплавените подрачја: Да се фатиме за лопата

by Fokus

Членовите на ФБ-групата „Хуманитарна помош за поплавените места во Скопје“ ги повикуваат граѓаните на Република Македонија, коишто се физички и здравствено подготвени, на заедничка ударна акција за расчистување на теренот на сите критични точки, во сабота, на 13 август 2016 година. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост.

„Увидот на теренот покажува дека само така, со организираност, КООРДИНИРАНОСТ, МАСОВНОСТ и голема екипираност ќе можеме да успееме да се расчисти теренот и да се спречат опасностите коишто можат да следат ако тоа не го сториме ВЕДНАШ. Сега, таму сме НАЈПОТРЕБНИ! Потребно е сите граѓани да започнат да доаѓаат на збирното место „Веро Центар“ („Веро Џамбо“) од 8 часот наутро, по што ОРГАНИЗИРАНО и КООРДИНИРАНО ќе се упатуваат на критичните места“ се вели во повикот.

Увидот на теренот покажува дека ПОТРЕБНИОТ број луѓе за расчистување на сите критични точки е МНОГУ ПОГОЛЕМ од оној којшто до местата може да се упати со јавниот превоз или индивидуалните возила.

„Затоа, ЈАВНО ГИ ПОВКУВАМЕ СИТЕ ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ и ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ од Република Македонија, да се вклучат во оваа акција и СИТЕ свои автобуси, минибуси и комбиња, коишто не се користат за редовен превоз на 13 август 2016 година да ги упатат пред „Веро Центарот“ во Скопје (обезбеден паркинг) и да овозможат во текот на целиот ден да превезуваат граѓани до и од критичните точки, до локациите до коишто полицијата дозволува пристапност. Сигурни сме дека ќе ја покажат својата ЧОВЕЧНОСТ и ЕТИЧНОСТ и ќе ги испратат возилата коишто им се на располагање, бидејќи ниту еден друг ангажман и ниту еден друг личен приротет на приватните превозници, во овие денови, не треба да е поприротетен од помагањето во расчистување на сите критични точки. Исто како што за секој физички и здравствено подготвен, ЕТИЧЕН, ЧОВЕЧЕН граѓанин на Република Македонија, во овие денови, најприоритетно е секогаш кога може да биде онаму каде што е НАЈПОТРЕБЕН – на терен!

Сите приватни превозници коишто го прифаќаат јавниот повик, за повеќе информации и најава, како и сите поголеми групи на граѓани коишто го прифаќаат повикот за учество во оваа МАСОВНА и КООРДИНИРАНА АКЦИЈА, во секое време можат да се обратат на телефонскиот број: 076 456 345.

Сите граѓани коишто поседуваат соодветна опременост (чизми, лопати, копачи, вили, работнички колички, заштитни ракавици, медицински маски), неопходно е да дојдат со неа, а за сите граѓани коишто немаат ваква опременост, известуваме: поседуваме поголем број опрема којашто ќе им биде дадена пред упатување на терен.“

Поврзани новости