Бугарски европратеник во Брисел: Дојдов да помогнам во Македонија за поплавите, беше ужасно и страшно

by Fokus

Андреј Новаков, најмладиот европратеник во Брисел од Бугарија пред неколку денови самоиницијативно дојде во поплавените подрачја во Македонија за да им помогне на граѓаните кои ги изгубија своите домови во страшното невреме што го зафати Скопје минатата сабота. Тој пред бугарските медиуми раскажа за водената трагедија и за се што затекнал во Скопје за време на неговата посета.

Заедно со него беше и Георг Георгиев, лидер на младите на партијата Герб во Бугарија. Новаков тврди дека тоа што го видел во Скопје, не можел никогаш да го заборави.

– Беше ужасно и многу страшно. Насекаде вода и се тонеше во вода. Трагедијата за граѓаните е огромна. И, Во Бугарија имало поплави, ама таму беше во поголеми размери и со жртви. Потресен сум од глетката, а во очите на граѓаните може да се види страв како ќе го надминат сето тоа – тврди Новаков.

Тој заедно со неговиот колега помагале при расчистувањето на куќата на едно од засегнатите семејства.

– Луѓето кај што помагавме имаа околу 70 години, а како што ни раскажаа, децата им отишле на печалба во Италија. Тие со солзи во очите ни раскажаа што се се случувало вечерта за време на поплавите и каква трагедија тоа претставува за нив – додава Новаков.

Поврзани новости