Викендот топло, со температура до 30 степени

by fokus

Во текот на викендов времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 13 степени, а максималната дневна температура ќе достигне од 19 до 30 степени. Најсвежо ќе биде во планинските делови, во Маврово и во Берово, а најтопло во Гевгелија и во јужните делови на земјата.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 11 до 29 степени.

Поврзани новости