ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ОПАСНОСТ ОД НОВО ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

by Фокус

За време на овој викенд, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, претежно во попладневните и вечерните часови, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ со интензивен пороен дожд (нас 10 л/м2 за кратко време), силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури, особено утре ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Нестабилно овој викенд ќе биде и во Скопје и околината, со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално НЕВРЕМЕ со град. Максималната температура овој викенд во Скопскиот регион се очекува да се искачи до околу 31 степен.

И на почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости