Законските измени за скратени часови и далечинско учење го одложуваат почетокот на учебната година

by Фокус

За да може да почне учебната година со далечинско учење на кое часовите ќе бидат скратени на 30 минути за основно образование и 35 минути за средно образование, потребно е да се донесат законски измени, но во моментов нема функционално Собрание кое може да ги изгласа тие измени, вели заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска.

-Ние како Министерство веќе подготвуваме измени на законот кои ќе ги доставиме до Владата, меѓутоа сметаме дека до 1 септември тие не можат да бидат по соодветни законски процедури излгасани во парламентот и затоа очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е ништо страшно. Гледаме дека и во Хрватска од 7 септември почнува учебната година – рече Наумовска за Сител.

Поврзани новости