За време на овој викенд над македонското небо ќе има повеќе облаци, но сепак условите за сосема слаб локален дожд се многу мали. Особено во утринските и во претпладневните часови по одделни колтлини ќе има појава на магла. Преку ден ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој особено долж Повардарието повремено ќе биде и засилен по интензитет.
Под влијание на влажен воздушен бран во текот на ноќта недела кон понеделник од запад ќе започнат повремени врнежи од дожд и истите во понеделник во претпладневните часови веќе ќе се преместуваат кон исток и ќе се намалуваат. На највисоките планини ќе има услови за слабо провејување на снег. Има услови и за сосема ретка појава на грмежи.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Повремен локален дожд ќе има и во вторник.
Подготви: Славчо Попоски