За време на овој викенд времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност, во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Во Скопје и околината овој викенд ќе има услови за локална кракотрајна нестабилност во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 34 степени денес, и до околу 31 степен во текот на утрешниот ден.
Освежување на времето ќе има утре доцна попладне и навечер кога ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Ветерот ќе продолжи да дува и во понеделник кога и максималните дневни температури ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.
Подготви: Славчо Попоски